ПРВ.мк

86,5% од вкупната нето – потрошувачка на електрична енергија е од домашно производство

86,5% од вкупната нето – потрошувачка на електрична енергија е од домашно производство
Jumbo Banner

Во април 2025 година, вкупната нето-потрошувачка на електрична енергија во државата достигна 469 GWh, покажуваат официјалните податоци објавени од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО.

Од вкупната потрошувачка, 405 GWh потекнуваат од домашно производство, што претставува значајни 86.5% од нето-потребите на пазарот. Најголем производител на електрична енергија и овој месец е АД ЕСМ, кој со 208 GWh учествува со 51.2% во домашното производство.

Значаен придонес имаат и виртуелните производители, кои обезбедија 90 GWh или 22.1% од домашната енергија. Повластените производители, кои користат повластена тарифа, придонесоа со 61 GWh (15.2%), додека независните производители учествуваат со 46 GWh, односно 11.5%.

Овие податоци укажуваат на силна зависност од домашните извори на енергија и стабилност на домашниот енергетски сектор, со минимални потреби од увоз за покривање на потрошувачката.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран