Од полноќ нови цени на горивата – поскапување на бензините и екстра лесното масло
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад соопшти дека од 20 мај 2025 година, од 00:01 часот, стапуваат на сила нови цени на нафтените деривати.
Најголем пораст има кај ЕУРОСУПЕР БС-95, кој поскапува за 2 денари по литар, додека дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ БС) се зголемува за 0,5 денари по литар. Значајно зголемување има и кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – за 4 денари по литар.
Нови цени на горивата од 20 мај:
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,50 ден/л (зголемување од 2,00 денари)
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,50 ден/л (без промена)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,00 ден/л (зголемување од 0,50 денари)
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 69,00 ден/л (зголемување од 4,00 денари)
Мазут М-1 НС: 36,808 ден/кг (зголемување од 0,279 денари)
Новите цени се утврдени согласно методологијата за пресметка на цените на нафтените деривати, која ја применува Регулаторната комисија. Одлуката е донесена врз основа на движењата на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на американскиот долар.