ПРВ.мк

Докажано најздравата храна од конзерва: Одлична е за мозокот, но го зајакнува и вашето срце

Докажано најздравата храна од конзерва: Одлична е за мозокот, но го зајакнува и вашето срце
Jumbo Banner

Конзервираната риба – достапен и здрав избор во секојдневната исхрана

Иако не се смета за најздравиот избор на храна, конзервираната риба сè почесто наоѓа место на трпезата поради својата практичност, достапност и нутритивна вредност. Освен што се лесни за транспорт и не бараат долготрајна подготовка, конзервираните намирници можат да претставуваат целосен и балансиран оброк.

Процесот на конзервирање овозможува зачувување на свежината и безбедноста на храната, особено кај производите кои се подложни на развој на патогени микроорганизми. Во рамки на тој процес, храната поминува и низ стерилизација, што дополнително ја прави безбедна за консумирање.

Според нутриционистката д-р Џес Кординг, една од најздравите конзервирани намирници е токму рибата, пред сè сардините, кои се еден од најприфатливите извори на протеини и корисни масни киселини. Таа истакнува дека ваквите производи се не само хранливи, туку и еколошки одржливи, а не бараат долго готвење или термичка обработка.

„Сардините во конзерва обично содржат многу помалку жива во споредба со други видови риба и се сметаат за еден од најбезбедните избори за морска храна, особено кога свежата риба не е достапна,“ вели д-р Кординг.

Таа додава дека редовната консумација на сардини носи бројни здравствени придобивки – богати се со протеини, витамин D и омега-3 масни киселини кои имаат силно противвоспалително дејство. Дополнително, кога се зачувани во маслиново масло, тие содржат и корисни мононезаситени масти кои го поддржуваат здравјето на срцето.

Стручњаците препорачуваат консумација на две до три порции конзервирана риба неделно. Таа може да се комбинира со тестенини, да се додаде во салати или да се јаде самостојно како лесен, но хранлив оброк.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран