Од понеделник, 15 септември, Македонија ќе биде под влијание на значително поладен северен воздух, кој ќе донесе засилен до силен северен ветер, со брзина што локално може да надмине и 60 км/час. Времето ќе остане стабилно, суво и сончево, а во Скопје и околината ќе дува силен ветер од север, кој исто така може да достигне над 60 км/час во одредени делови од котлината.
Температурите во понеделник ќе се движат од 22 до 29 степени, додека во главниот град ќе се искачат до околу 28 степени.
Сепак, вистинскиот пад на температурите ќе се почувствува во вторник, 16 септември, кога утринските температури ќе се спуштат драстично — од 3 до 14 степени во целата земја, а во Скопје наутро ќе се измери околу 11 степени. По продорот на студениот воздух од север, се препорачува да се носи топла облека, особено во утринските часови.