ПРВ.мк
Македонија

Директорот откри зошто недостигаат дел од терапиите на Онкологија

Директорот откри зошто недостигаат дел од терапиите на Онкологија

Пациенти кои се лекуваат на Клиниката за онкологија реагираат дека во моментов недостигаат неколку важни терапии, меѓу кои Золадекс, Фулвестрант и Ексџева, кои се користат во лекувањето на одредени онколошки заболувања.

Директорот на Клиниката, д-р Игор Стојковски, потврди дека постои привремен недостиг на овие лекови, објаснувајќи дека причината е доцнење во испораките од страна на дистрибутерите.

Според него, Клиниката е во постојана комуникација со добавувачите и, според информациите што ги добиле, се очекува терапиите повторно да бидат достапни во најкус можен рок.

Стојковски нагласи дека се преземаат активности за што побрзо да се нормализира снабдувањето и да се обезбеди непречено продолжување на терапијата за пациентите.

Реакциите на пациентите претходно беа објавени на социјалните мрежи, каде што тие посочија дека не можат да ги добијат Золадекс, Фулвестрант и Ексџева – лекови што се користат во третманот на одредени форми на рак на дојка, како и кај пациенти со метастатско зафатени коски.