Халкбанк претстави иновативен банкарски производ – Mastercard Junior дебитна картичка, наменета за деца и тинејџери од 9 до 15 години. Целта на картичката е децата да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола врз трошењето и управувањето со средствата.
Картичката е поврзана со сметката на детето, но родителот или старателот го следи секое плаќање, поставува ограничувања и добива СМС известување за секоја трансакција.
- „Нашата цел е децата да стекнат чувство дека располагаат со реална сума пари, да учат одговорно да го менаџираат џепарлакот, да вршат безбедни плаќања и постепено да развиваат навики за штедење. Родителите, пак, имаат целосна контрола и известувања за користењето на картичката,“ изјави Маја Наумовска Савеска, директорка за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Предности на Халки картичката:
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот до сметката на детето
- Можност за дигитализација преку Google Pay или Apple Pay
Атила Селим, директор на Дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк, нагласува дека со овој пристап децата се подготвуваат за дигиталниот свет и за идните предизвици во брзо дигитализираното општество.
Апликации и промоции: Сите заинтересирани можат да аплицираат во која било филијала на Халкбанк. Првите 60 издадени картички добиваат и детска алка за дигитално плаќање како подарок. Отворањето и водењето на сметката е бесплатно, а апликациите до крајот на март 2026 година се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
Истражувањата покажуваат дека основите на финансиска писменост се стекнуваат до 7-годишна возраст, додека децата од 8 до 15 години треба да учат како да управуваат со пари и да штедат за постигнување на цели.
Халкбанк активно работи на финансиска едукација преку различни активности, како издавање на Буквар за финансиска писменост за деца и организирање креативни работилници за учење за штедење и управување со пари.
















