Во рамките на овогодишната програма за „Кавадаречко културно лето“, вечерва Градскиот плоштад во Кавадарци ќе биде место на весела детска дружба, многу насмевки и забава за најмладите жители на општината.
Од 20:00 часот, децата ќе имаат можност да уживаат во посебна програма подготвена за нив, исполнета со игра, песна и интерактивно дружење со популарните маскоти на Боцко.
Организаторите најавуваат одлична атмосфера, незаборавни моменти и можност за фотографирање со омилените ликови. Настанот е од отворен карактер и се покануваат сите родители, баби и дедовци да ги доведат своите најмлади на Градскиот плоштад и заедно да ја уживаат летната вечер.
Детали за настанот:
- Локација: Градски плоштад – Кавадарци
- Време: Вечерва, со почеток од 20:00 часот
- Влез: Слободен






