На дел од главните градски улици и булевари во Кавадарци стапи на сила нова сообраќајна регулација со која се овозможува побрзо и поефикасно одвивање на сообраќајниот проток.
Согласно изработениот сообраќаен проект, на терен веќе се поставени новите сообраќајни знаци со кои дозволената брзина на движење се зголемува од досегашните 40 км/ч на 50 км/ч.
Зголемувањето на дозволената брзина се однесува на следните сообраќајници:
- Западен Булевар
- Улица „Шишка“
- Северен Булевар
Оваа измена е донесена по претходна анализа и е целосно усогласена со техничките и безбедносните услови на овие патни правци, со примарна цел намалување на сообраќајните метежи и подобрување на проточноста во овој дел од градот.
Од надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот на максимално внимание, прилагодување на брзината спрема условите на патот и стриктно почитување на новопоставената сообраќајна сигнализација.






