ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Авион се урна во поле!

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Авион се урна во поле!

Турски борбен авион Ф-16 се урна денеска во поле во северозападната турска провинција Јалова, за време на тренинг-лет. Според првичните информации, до несреќата дошло поради технички дефект.

На снимките од местото на несреќата се гледа моментот по падот на авионот, при што од полето се издигнува густ црн чад, а се забележува и експлозија.

Турското Министерство за одбрана потврди дека станува збор за авион Ф-16 на турските воздухопловни сили. Пилотот успеал навреме да се катапултира од леталото и ја преживеал несреќата.

По падот, на местото веднаш биле испратени медицински и противпожарни екипи. Пилотот бил пронајден и пренесен во Истражувачката и тренинг-болница во Јалова, каде што му била укажана медицинска помош.

Авионот во моментот на несреќата бил ангажиран на тренинг-лет од Командата на воздухопловната база во Јалова. Според досегашните информации, нема податоци за други повредени лица во инцидентот.

Точната причина за падот засега не е официјално утврдена. Од турското Министерство за одбрана најавија детална истрага, со која треба да се утврди што точно довело до техничкиот проблем и губењето на контролата над леталото.

ВИДЕО