ПРВ.мк
Македонија

ДЕТЕ ОД 14 ГОДИНИ УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ: Тешко повреден врсник што се возел со него!

ДЕТЕ ОД 14 ГОДИНИ УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ: Тешко повреден врсник што се возел со него!
Kristal

Четиринаесетгодишно дете управувало патничко возило „Opel“ и удрило во бетонски столб во селото Дебреште, општина Долнени, при што едно дете се здобило со тешки телесни повреди, а уште двајца сопатници се полесно повредени.

Според соопштението на Министерство за внатрешни работи, несреќата се случила на 23 февруари 2026 година околу 20:30 часот. Возилото со прилепски регистарски таблички го управувало 14-годишно момче од селото Дебреште, кое од засега непознати причини излетало од патот и удрило во бетонскиот столб.

Во несреќата, 14-годишен сопатник се здобил со тешки повреди, додека возачот и уште еден 16-годишен сопатник се полесно повредени. Повредените се пренесени и згрижени во Градска општа болница Прилеп.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo