ПРВ.мк
Македонија

ДЕТЕ БРУТАЛНО НАПАДНАТО: 11-годишник каснат од куче кое било пуштено без надзор!

ДЕТЕ БРУТАЛНО НАПАДНАТО: 11-годишник каснат од куче кое било пуштено без надзор!

Единаесетгодишно дете од тетовското село Сараќино било нападнато и каснато од куче, информираат од СВР Тетово, при што случајот предизвика загриженост кај локалното население.

Според пријавата, инцидентот се случил на 1 јули околу 22:30 часот, додека момчето се движело низ селото. Во еден момент, пред куќата на С.Ј., детето било нападнато од куче кое не било врзано и не било соодветно обезбедено.

Животното го каснало детето во пределот на десната потколеница, по што биле известени надлежните служби. Пријавата во полицијата била поднесена следниот ден, на 2 јули во 00:20 часот, во Полициското одделение Групчин од страна на мајката на детето, Р.С. од Сараќино.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, како и утврдување на сите околности под кои дошло до нападот.

Случајот повторно го отвора прашањето за контролата и одговорноста на сопствениците на домашни животни, особено во населени места каде што се движат и деца.

Најнови вести