ПРВ.мк
Македонија

Денес почна исплатата на овие парични средства – проверете дали ви се легнати

Денес почна исплатата на овие парични средства – проверете дали ви се легнати

Добра вест за граѓаните: Почна исплатата на социјалната и детската помош

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес официјално започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година.

Корисниците кои располагаат со дебитни картички можат веднаш да ги користат средствата преку банкомати, за безготовинско плаќање во трговската мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

За оние кои не користат дебитни картички, Министерството информира дека средствата можат да се подигнат во сите отворени филијали и експозитури на банките низ државата.

Од Министерството потсетуваат дека исплатата се реализира согласно утврдениот распоред, со цел корисниците навремено да ги добијат средствата што им следуваат.

Граѓаните кои имаат право на овие надоместоци можат уште од денес да проверат дали средствата им се префрлени на сметките или да ги подигнат во својата банка.