ПРВ.мк
Македонија

„Прогласена е кризна состојба“ - Ако добивте ваква порака еве кој ви ја испраќа!

„Прогласена е кризна состојба“ - Ако добивте ваква порака еве кој ви ја испраќа!
Escape

Дел од граѓаните денеска попладне добија вознемирувачка СМС порака која гласеше: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите.”

Иако звучеше како итна мерка во реално време, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) појаснија дека станува збор за тест порака наменета за испитување на системот за масовно известување во случај на кризни состојби.

Станува збор за дел од проект за воведување на т.н. „cell broadcasting“, што подразбира испраќање пораки до сите мобилни уреди во одредена географска област, без разлика на операторот. Овој систем, кој се користи во многу земји во ЕУ, има за цел навремено информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, терористички напади или други итни состојби.

Според ЦУК, оваа порака била испратена со цел да се тестира техничката изводливост на системот и реакцијата на инфраструктурата, а не постоела реална кризна ситуација. Но, многу граѓани кои ја добиле пораката не биле однапред известени дека станува збор за тест, што предизвика конфузија и паника, особено кај жителите на подрачја засегнати од пожари во последните денови.

Од ЦУК порачуваат дека:

„Системот за масовно тревожење е обврска и стандард на Европската Унија. Целта е да се заштитат животи и имоти преку брза комуникација со граѓаните. Физибилити студија е веќе во тек и очекуваме системот да биде оперативен наскоро.“

Во иднина, ваквите тестови ќе бидат подобро координирани и однапред најавени, велат од институцијата, со цел да се избегне непотребна паника кај населението.

Во ера на климатски катастрофи и безбедносни ризици, навремената информација е прашање на преживување – но само ако и комуникацијата со јавноста е јасна и транспарентна.

Mia Home Mavrovo