ПРВ.мк
Македонија

Дефект ја прекина водата во дел од Скопје: Не се знае до кога ќе трае прекинот

Дефект ја прекина водата во дел од Скопје: Не се знае до кога ќе трае прекинот

Дел од жителите на Горно Лисиче и село Лисиче денеска останаа без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Прекинот во водоснабдувањето започнал во 11:00 часот, а ги опфаќа корисниците од дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во Горно Лисиче, како и корисници во село Лисиче.

Причината е уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Ѓорги Капчев“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Засега не е наведено точно во колку часот ќе биде нормализирано водоснабдувањето.

Од претпријатието информираат дека водата ќе биде пуштена по целосното завршување на интервенцијата и отстранувањето на дефектот.