ПРВ.мк
Македонија

ТЕРМОМЕТРИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ОДАТ ДО 38°C: Еве кога се очекува пад на температурите

ТЕРМОМЕТРИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ОДАТ ДО 38°C: Еве кога се очекува пад на температурите

Топлотниот бран продолжува, а според долгорочната прогноза, во следните две недели нè очекува претежно сончево и многу топло време. Дневните температури во повеќе наврати ќе се искачуваат до 38 степени, додека позначително освежување се очекува дури кон крајот на периодот.

Првата недела носи продолжување на жештините

Во периодот од 10 до 16 август ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Во понеделник и вторник максималните температури ќе достигнуваат околу 37 степени, додека утринските ќе се движат околу 20 до 22 степени.

Најжешко во првиот дел од периодот се очекува да биде во среда, 12 август, кога температурата би можела да достигне 38 степени.

Од четврток се очекува благо намалување на температурите, со максимални околу 35 степени, додека за време на викендот тие би се движеле меѓу 33 и 34 степени.

По посвежи ќе бидат утрата, а во недела минималната температура би можела да се спушти до околу 16 степени.

Нов топлотен пик следната недела

Втората недела, од 17 до 23 август, ќе започне со нешто повеќе облачност, но високите температури ќе продолжат.

Во понеделник се прогнозираат максимални 36 степени, по што во вторник и среда повторно се очекува сончево време со температури до околу 35 степени.

Ново засилување на жештината се прогнозира за четврток, 20 август, кога максималната температура повторно би можела да достигне 38 степени.

Освежување дури кон крајот

Постепено намалување на температурите се очекува кон крајот на втората недела.

Во петок се прогнозираат околу 36 степени, додека во сабота би можело да следува позабележително освежување со максимална температура од околу 30 степени. Во недела се очекуваат околу 31 степен.

Доколку прогнозата се оствари, тоа значи дека летната жештина нема брзо да попушти, а пред нас се уште најмалку две недели со периоди на многу високи температури.