ПРВ.мк
Македонија

ПРВО НЕВРЕМЕ, ПА ТОПЛОТЕН БРАН: Еве што ја чека Македонија деновиве

ПРВО НЕВРЕМЕ, ПА ТОПЛОТЕН БРАН: Еве што ја чека Македонија деновиве

Македонија денес и во следните денови ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција, што ќе донесе променливо и нестабилно време.

Според најавите од УХМР, во текот на денот ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Во одредени региони процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за поројни врнежи, силни налети на ветер и локална појава на град.

Температурите и покрај нестабилноста ќе останат релативно високи, со минимални вредности од 11 до 19 степени, додека дневните ќе се движат од 28 до 36 степени.

Во Скопје се очекува претпладне стабилно и претежно сончево време, но попладне постои можност за развој на нестабилни облаци, кои може да донесат дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Во четврток се очекува само изолирана нестабилност, додека од петок следува период на постабилно и потопло време, со температури кои ќе надминуваат 30 степени насекаде во земјата.