ПРВ.мк
Македонија

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА ВО ПРАВИЛАТА ЗА ПУШЕЊЕ - еве каде ќе смеете да пушите и кој е условот!

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА ВО ПРАВИЛАТА ЗА ПУШЕЊЕ - еве каде ќе смеете да пушите и кој е условот!

Пушењето цигари наскоро би можело да биде дозволено само во посебно регистрирани приватни клубови, каде пристап ќе имаат исклучиво членови кои плаќаат членарина. Ова е содржината на амандманот на Законот за заштита од пушењето кој веќе се наоѓа во собраниска процедура.

Според предлогот, приватен клуб би се сметал за правно лице регистрирано согласно закон, кое располага со затворен простор со ограничен пристап. Во него би можеле да влегуваат само лица кои доброволно се зачлениле, се запишани во регистарот на членови и плаќаат членарина.

Таквите простории не би биле достапни за пошироката јавност, туку само за регистрирани членови на клубот, објави 4news.mk.

Сепак, амандманот не ја доби поддршката од експертската група која работеше на подготовката на законските измени. Според нивната проценка, воведувањето можност за пушење во приватни клубови нема значително да влијае врз намалувањето на бројот на пушачи и нема да има доволен превентивен ефект, особено кај младата популација.

Од друга страна, министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува измените да бидат усвоени во следните две недели, по што законот би требало да стапи во сила.

Доколку амандманот биде прифатен, Македонија би добила нов модел на регулирање на пушењето, каде цигарите би биле забранети на јавни места, но дозволени во строго контролирани приватни клубови со ограничено членство.