ПРВ.мк
Македонија

Кавадаречко културно лето вечерва продолжува со детската претстава „Магичниот куфер“

Кавадаречко културно лето вечерва продолжува со детската претстава „Магичниот куфер“

Во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва најмладите посетители ќе имаат можност да уживаат во детската театарска претстава „Магичниот куфер“.

Претставата ќе започне во 20:00 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, каде организаторите најавуваат вечер исполнета со магија, смеа, интересни авантури и детска фантазија.

Настанот е наменет за целото семејство, а организаторите ги покануваат родителите да ги поведат своите најмили и заедно да бидат дел од уште едно убаво летно дружење под отворено небо, во пријатна и весела атмосфера.