ПРВ.мк
Македонија

ЧЕТВРТ ВЕК ХУМАНОСТ И ГРИЖА: 25 години СОС Детско село Македонија — Ниту едно дете да не расте само!

ЧЕТВРТ ВЕК ХУМАНОСТ И ГРИЖА: 25 години СОС Детско село Македонија — Ниту едно дете да не расте само!

По повод одбележувањето на 25 години од постоењето на СОС Детско село Македонија, Градоначалникот и Општина Кавадарци упатуваат искрени честитки за посветеноста, хуманоста и секојдневната грижа за децата и младите.

Доделената јубилејна плакета претставува признание за соработката и поддршката на мисијата на СОС Детско село Македонија, посветена на создавање подобри услови за раст, развој и посреќна иднина на секое дете.

Веруваме дека грижата за децата, поддршката на младите и вложувањето во нивната иднина се темел на едно хумано и одговорно општество. Затоа, Општина Кавадарци продолжува да ја негува солидарноста и да поддржува иницијативи што носат позитивни промени во заедницата.

Честитки за 25 години посветена работа, хуманост и грижа!

Ниту едно дете да не расте само!