ПРВ.мк
Македонија

„ЈАС ГИ ПЕЧАЛЕВ, ЖЕНА МИ ГИ КРИЕШЕ ВО ЅИДОТ“: Таткото на судијата Ѓоко Ристов откри чии биле парите пронајдени во Неготино!

„ЈАС ГИ ПЕЧАЛЕВ, ЖЕНА МИ ГИ КРИЕШЕ ВО ЅИДОТ“: Таткото на судијата Ѓоко Ристов откри чии биле парите пронајдени во Неготино!

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“ – со овие зборови таткото на судијата Ѓоко Ристов сведочеше пред судот за парите што беа пронајдени скриени во семејната куќа во Неготино.

Во своето сведочење, тој објасни дека парите претставуваат животна заштеда на семејството, собрана низ повеќедецениска земјоделска работа. Според неговото тврдење, тој ги заработувал средствата, додека неговата сопруга ги чувала скриени во ѕидот на куќата.

Таткото на судијата пред судот истакна и дека нивните деца не знаеле за постоењето на скриените пари.