ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ РАСПЛЕТ ВО СЛУЧАЈОТ СО ВАЊА: Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото!

НОВ РАСПЛЕТ ВО СЛУЧАЈОТ СО ВАЊА: Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото!

Апелацискиот суд во Скопје ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска.

Судиите од Апелацискиот суд оцениле дека Основниот кривичен суд Скопје не ги разгледал во доволна мера доказите што Јавното обвинителство ги изнело против Ѓорчевски. Поради тоа, предметот во делот што се однесува на таткото на Вања ќе треба повторно да се разгледува.

На средбата со новинарите одржана вчера, судиите од скопскиот Апелациски суд посочиле дека е потребна нова оценка на доказниот материјал, со конкретни насоки за тоа кои докази треба да се преиспитаат.

„Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во Јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, изјавиле судиите.

Од Основниот кривичен суд Скопје претходно информирале дека, веднаш штом ја добијат одлуката на Апелацискиот суд, ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година. Со најновата одлука, доживотните казни за четворицата осудени остануваат потврдени, додека во однос на таткото на Вања постапката продолжува со повторно судење.