Мамографијата овозможува промените во ткивото на дојката да бидат забележани уште пред да се појават симптоми, поради што редовните превентивни прегледи претставуваат важен дел од грижата за здравјето на дојките.
Во текот на октомври, во Клиничката болница „Жан Митрев“ пациентките имаат можност да направат мамографски преглед по промотивни цени со 50% попуст.
Промотивната понуда опфаќа:
🔹 2Д мамографија – 3.000 денари
🔹 3Д мамографија (томосинтеза) – 4.000 денари
Мамографијата се користи за откривање и проценка на различни промени во дојките. Освен при појава на одредени симптоми, овој преглед има значајна улога и во превентивното следење на здравјето на дојките, согласно возраста и индивидуалните ризик-фактори.
Редовните контроли овозможуваат промените да бидат забележани навреме и, доколку има потреба, да се продолжи со дополнителни дијагностички испитувања.
Од Клиничката болница „Жан Митрев“ посочуваат дека за изборот на соодветниот тип мамографски преглед, како и за динамиката на контролите, потребна е консултација со лекар.
Сите октомвриски промоции за прегледи и дијагностика се достапни на: https://zmc.mk/mesec-na-zensko-zdravje/





