ПРВ.мк
Македонија

Добри вести за патниците: Конечно се враќа железничката линија Скопје – Битола - еве од кога

Добри вести за патниците: Конечно се враќа железничката линија Скопје – Битола - еве од кога

Од утре повторно се воспоставува патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје – Битола и обратно, соопштија од ЖРСМ Инфраструктура.

Сообраќајот продолжува откако беа завршени градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, на делницата од железничката станица Бакарно Гумно до ровариштето „Никола Карев“.

Според најавениот возен ред, на 15 јули од Скопје кон Битола ќе сообраќаат возовите 641, со поаѓање во 07:06 часот, и 645, со поаѓање во 20:05 часот.

Во спротивна насока, од Битола кон Скопје, на 15 јули ќе сообраќа возот 644, кој тргнува во 18:22 часот, додека возот 640 ќе поаѓа во 03:10 часот на 16 јули.

Од ЖРСМ Инфраструктура информираат дека со завршувањето на градежните активности повторно се создадени услови за редовно одвивање на патничкиот железнички сообраќај на оваа релација.