ПРВ.мк
Македонија

Петчасовен прекин на струја во Скопје – ЕВН објави кои улици ќе бидат без електрична енергија

Петчасовен прекин на струја во Скопје – ЕВН објави кои улици ќе бидат без електрична енергија

ЕВН Македонија информира дека денеска (22 јуни) дел од жителите на Општина Карпош ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекинот ќе трае од 9:00 до 14:00 часот.

Без струја во наведениот период ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ангел Динев“, Основното училиште „Димо Хаџи Димов“, како и дел од објектите на улиците „Мраморец“ и „Есперанто“.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и се надеваат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на планираните интервенции.