ПРВ.мк
Македонија

Ново изненадување од времето во Македонија – проверете што следи

Ново изненадување од времето во Македонија – проверете што следи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе влијае на чувството на свежина.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, исто така се очекува променливо облачно време со повремен дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен од северен правец, минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник се очекува претежно стабилно време, додека од среда повторно се предвидуваат локални врнежи од дожд.

Escape