Фудбалерите на Реал Мадрид добија нови автомобили од БМВ во рамките на четвртата сезона од партнерството меѓу клубот и германскиот производител. На церемонијата, тимот позираше покрај БМВ iX3, првиот во новата генерација електрични возила на брендот, кој ја спојува спортската динамика со технологијата и одржливоста.
Тренерот Чаби Алонсо го избра моделот БМВ i7, кој е најпопуларен меѓу играчите. Овој автомобил започнува од 135.000 евра, со мотор од 544 КС и максимална брзина од 240 км/ч. Меѓу играчите кои го избраа i7 се Едер Милитао, Дани Карвахал, Винисиус Жуниор, Арда Гулер, Антонио Ридигер, Ендрик и Марко Асенсио.
Моделот i7 се одликува со технологија BMW eDrive од петтата генерација и нуди импресивен опсег и моќност, што го прави идеален за патувања на долги релации. Покрај тоа, тимот имаше можност да избере и други модели како BMW XM – првиот самостоен BMW M модел од BMW M1, со M HYBRID погон способен да помине до 88 километри во 100% електричен режим, совршен за градско и меѓуградско возење.