ПРВ.мк
Македонија

ПИРОМАН ФАТЕН ВО ШТИП! Уапсен додека палел сува трева покрај магистрален пат

ПИРОМАН ФАТЕН ВО ШТИП! Уапсен додека палел сува трева покрај магистрален пат

Полициски службеници од СВР Штип уапсиле 25-годишен маж од селото Долни Балван, откако бил затекнат како пали сува трева покрај магистралниот пат Штип–Кочани, во атарот на селото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во текот на денот, кога полициските службеници го забележале лицето како запалува сува вегетација на простор меѓу патот и нивите.

Како последица на палењето, била опожарена сува трева, како и една бала детелина, која била во сопственост на 36-годишен жител од Штип. Благодарение на брзата реакција на полицијата, спречено е потенцијално проширување на пожарот кон околните површини.

Лицето е лишено од слобода веднаш по настанот, а за случајот е известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари, особено во периоди на високи температури и суви услови, кога ризикот од брзо ширење на оган е зголемен.