Инцидент меѓу здравствени работници се случил вчера во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, во 16:05 часот во СВР Скопје, 27-годишен болничар пријавил дека околу 12:30 часот, за време на извршување на работните обврски, бил физички нападнат од негов колега.
Инцидентот се случил во текот на работното време, во рамки на Ургентниот центар.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


















