Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, заедно со сите расположни служби е на терен каде се вложуваат максимални напори за локализирање и ставање под контрола на големиот пожар што го зафати овој регион.
Во опсежната акција за справување со огнената стихија е мобилизирана комплетна механизација и воздушна поддршка:
- Земјени сили: 4 пинцгауери, 2 возила Унимог, камион од Шумското стопанство и 2 теренски џипови.
- Воздушна поддршка: 2 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а од 18:00 часот во гаснењето се вклучуваат и 2 хеликоптери на МВР и Армијата.
- Ангажирани институции: Екипи од ТППЕ Кавадарци, ДЗС, МВР, Граничната полиција и Шумското стопанство – Кавадарци.
Градоначалникот Јанчев е постојано на терен и директно ја координира акцијата со сите надлежни служби за да се спречи понатамошно ширење на огнот.
Апел до сите граѓани:
Општина Кавадарци упатува итен апел до сите жители да не се приближуваат до загрозеното подрачје, строго да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат ново жариште или какви било сомнителни активности.










