ПРВ.мк
Македонија

БЕЗ ДОЗВОЛА ВО СООБРАЌАЈ: 22-годишник предизвикал сообраќајна незгода!

БЕЗ ДОЗВОЛА ВО СООБРАЌАЈ: 22-годишник предизвикал сообраќајна незгода!

На 28.04.2026 година околу 09:15 часот на улицата „Охридска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р. (22) од Тетово, откако предизвикал сообраќајна незгода.

Според информациите, тој управувал патничко возило „БМВ“ и учествувал во судир со возило „Тојота“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.Е. (44) од Тетово, при што било оштетено и паркирано возило „Ауди“ со исти регистарски ознаки.

По извршените проверки, било утврдено дека возачот на „БМВ“ немал возачка дозвола. Возилото било одземено од страна на полицијата.

Од надлежните служби информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицето.