Вечерва во селото Рашче, општина Сарај, се одвива голема полициска акција што ја потресе околината на Скопје. На терен се наоѓаат бројни специјални единици на Министерството за внатрешни работи, кои според првичните информации вршат претреси на повеќе локации.
Според изворите, акцијата ја координира СВР Скопје, а досега е пронајдена поголема количина оружје и муниција. Граѓаните од селото пријавуваат дека полициското присуство е масовно и дека областа е целосно блокирана.
Од МВР засега нема официјално соопштение, но се очекува во текот на ноќта или утре рано наутро да бидат објавени повеќе детали за акцијата, целите и резултатите од претресите.















