ПРВ.мк
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПРЕД НОВ УДАР - Владата најави намалување на акцизите за горива

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПРЕД НОВ УДАР - Владата најави намалување на акцизите за горива

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе преземе мерки за ублажување на евентуалното зголемување на цените на горивата преку намалување на акцизите за дизелот и безоловниот бензин.

Според него, нестабилноста на Блискиот Исток, растот на цената на суровата нафта на светските пазари и посилниот курс на американскиот долар се фактори кои можат да влијаат врз домашните цени на нафтените деривати.

Мицкоски посочи дека сè уште не е направена конечна пресметка за можното поскапување, но нагласи дека промените на меѓународните пазари веќе создаваат притисок врз цените.

За да се намали влијанието врз граѓаните, Владата ја продолжила кризната состојба за дополнителни три месеци, што овозможува користење на механизам за намалување на акцизите.

Новите малопродажни цени на горивата ќе бидат утврдени од Регулаторната комисија за енергетика, а одлуката се очекува да биде објавена во понеделник и да важи во наредниот седумдневен период