ПРВ.мк
Македонија

Еве во која општина се отвора можност за втор круг – ДИК разгледува приговори што можат да го променат исходот

Еве  во која општина се отвора можност за втор круг – ДИК разгледува приговори што можат да го променат исходот

Во Општина Чашка се отвора можност за повторно гласање на пет избирачки места поради осум поднесени приговори за заштита на избирачкото право, кои сè уште се разгледуваат во Државната изборна комисија.

Од поднесените приговори, четири се од СДСМ, а четири од ВМРО-ДПМНЕ. Спорните избирачки места се наоѓаат во Горно Јаболчиште (две места), Долно Јаболчиште, Чашка и Мелница. На овие места се запишани вкупно 3.903 гласачи, а излезеноста во првиот круг достигна околу 80 проценти, што значи дека секоја евентуална промена може значително да влијае на конечниот резултат.

Доколку ДИК одлучи да ги прифати приговорите, можно е повторно гласање на дел од избирачките места, што би можело да ја промени ситуацијата и да доведе до втор круг на изборите.

Во првиот круг, кандидатот на АКИ, Суат Шакиров, освои 50,71 проценти од гласовите, додека Горан Стојановски од СДСМ доби 24,24 проценти, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Андоновски, освои 23,45 проценти. Секое повторно гласање на овие места може значително да влијае на конечниот исход на локалните избори.

Escape