Веселбата во тетовското село Желино доби неочекуван пресврт кога 21-годишниот С.Ш. од Голема Речица пукал со пиштол од своето возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблички. Тој ја документирал опасната прослава и снимката ја споделил на социјалните мрежи, што довело до брза интервенција од страна на полицијата.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот наутро додека С.Ш. се упатувал на семејна веселба во селото Желино. Не поминале ни неколку часа, а во 00:50 часот полицијата од СВР Тетово го лишила од слобода. При претресот кај него бил пронајден пиштол марка „Зораки“ со една празна рамка и кутија со 21 куршум, за кои немал дозвола.
С.Ш. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен приговор. Во сличен инцидент вчера во селото Житоше, полицијата приведе двајца мажи, В.Е. (26) и Б.Е. (57), поради истрели од огнено оружје на семејна веселба пред куќата на В.Е.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк