На 23 октомври 2025 година, во 00:30 часот, во Полициската станица Кочани беше пријавено исчезнување на малолетна девојка. М.Ф. (43) од Кочани пријави дека нејзината ќерка, М.Ф. (13), се оддалечила од домот и од тогаш се води како исчезнато лице.
Полицијата веднаш презема интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето, вклучувајќи пребарување на терен, контакти со блиските и социјални мрежи, со цел што побрзо да се обезбеди нејзината безбедност и враќање дома.
Јавноста е повикана да помогне со информации доколку имаат знаење за нејзината локација или било какви сознанија што би помогнале во истрагата.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк















