ПРВ.мк
Свет

Француски генерал со мрачно предупредување: Европа има само 3 години пред судир со Русија

Француски генерал со мрачно предупредување: Европа има само 3 години пред судир со Русија

Францускиот генерал Тјери Буркар, началник на Генералштабот на француската армија, изјави дека Европа има само три години да се подготви за можен директен воен судир со Русија. Според него, руската армија значително го забрзува производството на оружје и обуката на војниците, што покажува дека Москва се подготвува за нов, поширок конфликт откако ќе заврши војната во Украина.

Буркар предупреди дека Русија не ја крие својата амбиција да ја обнови својата влијателна зона во Источна Европа и дека европските држави мора итно да ги зајакнат своите армии и резерви на оружје ако сакаат да ја задржат безбедноста на континентот. Тој истакна дека моменталната состојба е „најсериозната безбедносна закана по Европа од Втората светска војна наваму“.

Генералот додаде дека не станува збор само за воен конфликт, туку и за идеолошка борба меѓу демократијата и авторитаризмот, во која Русија веќе активно се обидува да влијае преку пропаганда и дестабилизација на земјите во регионот.

„Ако Европа не се обедини и не покаже сила, ризикуваме повторно да се соочиме со вистинска војна на нашите граници“, заклучи Буркар во интервјуто што предизвика големо внимание во светските медиуми.

Escape