Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, во вторник (21 јули) делови од Скопје привремено ќе останат без електрична енергија, информираат надлежните служби.
Во општина Центар, прекин во снабдувањето ќе има од 09:00 до 12:00 часот. Без струја ќе бидат делови од улиците „Истарска“, „83“, „Битолска“, „42“, „Светозар Марковиќ“ и „47“, како и делови од булеварите „Моша Пијаде“ и „Крушевска Република“.
Прекини се планирани и во околината на Скопје. Во селото Бардовци, дел од корисниците на улицата „1687“ ќе останат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот.
Од ЕВН посочуваат дека исклучувањата се поради реализација на планирани технички зафати во системот и апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности додека траат прекините во снабдувањето со електрична енергија.







