Македонскиот ученик Тодор Пљаков од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес постигна голем меѓународен успех, освојувајќи бронзен медал на Централноевропската олимпијада за вештачка интелигенција – CEOAI (EUROAI).
Престижниот натпревар се одржа на Универзитетот „Babeș-Bolyai“ во Клуж-Напока, Романија, во периодот од 14 до 19 јули, а на него учествуваа најдобрите млади таленти од повеќе европски држави.

Со освоениот бронзен медал, Тодор уште еднаш покажа дека македонските ученици можат успешно да се натпреваруваат на највисоко меѓународно ниво во една од најбрзо развивачките научни области – вештачката интелигенција.

Од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес упатија честитки до својот ученик, истакнувајќи дека неговиот успех претставува гордост не само за училиштето, туку и за градот и за целата држава.
Освоениот медал е уште една потврда дека Македонија располага со млади, талентирани и посветени ученици кои достојно ја претставуваат земјата на меѓународните натпреварувања.
Честитки до Тодор Пљаков за извонредниот успех и освоениот бронзен медал







