Кавадарци вечерва беше исполнет со детска смеа, радост и позитивна енергија, благодарение на забавната дружба со маскотите на Боцко, која привлече голем број деца и родители.

Најмладите уживаа во игрите, фотографирањето и дружењето со омилените маскоти, додека паркот беше исполнет со насмевки, прегратки и весела атмосфера. Родителите имаа можност да создадат убави семејни спомени, а децата да поминат незаборавна летна вечер.

Настанот уште еднаш покажа дека ваквите содржини носат посебна радост кај најмалите и создаваат моменти кои долго се паметат.

Организаторите упатија благодарност до сите дечиња и родители кои присуствуваа и со своето расположение придонесоа за успешната реализација на настанот.

Дружбата со маскотите на Боцко е дел од програмата на „Кавадаречко културно лето 2026“, кое и оваа година продолжува да нуди разновидни содржини за сите генерации, со посебен акцент на најмладите посетители.










