Припадниците на Територијалната противпожарна единица – Кавадарци зад себе имаат уште еден исклучително тежок и динамичен ден, со повеќе интервенции на различни локации низ општината.
Во текот на денот тие успешно интервенирале при голем пожар на Западниот булевар, а вечерва две противпожарни возила и две екипи сè уште се ангажирани во гаснење на голем пожар на потегот кај Макарија, пред селото Камен Дол.

Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, што значително ја отежнува работата на пожарникарите, кои и понатаму остануваат на терен во обид целосно да го стават пожарот под контрола.

Покрај справувањето со пожарите, екипите интервенирале и на повеќе локации поради паднати дрвја предизвикани од невремето, како и при пожар во кој била зафатена перална.

Од ТППЕ Кавадарци уште еднаш покажаа професионалност, пожртвуваност и брза реакција во справувањето со сите предизвици, ставајќи ја безбедноста на граѓаните на прво место. Надлежните и понатаму апелираат на внимателност, особено поради силниот ветер и зголемениот ризик од ширење на пожари.








