„Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците од Струга, се изјасни јавно против нејзината одлука за излегување од владата.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Весникот ја пренесува јавната реакција на Хоџа, кој нагласува: Многу пријатели ме прашаа деновиве која страна заземам во оваа создадена политичка магла. Без двоумење им кажувам на сите: Јас сум таму каде што сум бил отсекогаш, оти не сум се променил! Го изразив мојот став за најновата политичка состојба во партиските тела, во Централното претседателство и Централното собрание на Алијансата за Албанците. Бев и сум против какво било решение со ДУИ во него.
Бев против каква било стремеж да го омекнеме нашиот тон кон ДУИ, со смешниот и апсурден изговор дека оваа партија божем се реформирала. Зарем ДУИ се само Артан Груби и Рамиз Мерко – луѓето од ‘црните листи’ на САД?! Сепак, Рамиз Мерко е таму, во ДУИ. Тој го чека и го придружува Али Ахмети секој пат кога ќе дојде во Струга. Во ниту еден момент не се откажаа еден од друг. А што е со пратеничката група на ДУИ, кој се ја сочинува денес? Дали е Муса Џафери таму? А што е со Блерим Беџети? Таму го имате и Садула Џафери!
Никој не може да ме убеди да го сменам мислењето дека реформата на ДУИ неизбежно мора да започне од лидерот на партијата! Јас бев и сум ‘војник’ на Вреди и Алијансата за Албанците, посветен со сето мое битие на она што тие го претставуваат. Сè уште верувам во тој дух, со сите негови недостатоци, што може да ги има! Сево ова го изјавувам јавно, засновано врз основа и на моето истапување на последното Собрание на АА, одржано во Гостивар на 6 април 2025 година. – реагираше Албрим Хоџа од АА и Вреди.