Јас верувам дека определбата за промена во општеството не се напушта на првата пречка – туку се гради со уште повеќе работа!
Со голема почит кон претседателот на партијата и неговото право на политичка проценка, чувствувам обврска јавно да кажам дека јас ќе продолжам да бидам дел од процесот што го започнавме заедно во ВЛЕН и во оваа Влада!
Влада која за првпат сериозно ги отвори институциите и почна систематски да се справува со проблемите, започна соочување со корупцијата и криминалот, и го крена гласот против заробената држава од веќе добро познатите корумпирани структури на ДУИ.
Можеби не сме совршени. Но никој не може да каже дека ВЛЕН и оваа коалиција не донесоа нова динамика, нова надеж и вистински притисок за структурни промени!
Сметам дека повлекување во овој момент – без јасен план – им отвора простор на старите структури на ДУИ да се рехабилитираат и „излечат“, заедно со нивните веќе немоќни наративи. Тоа е пат по кој јас не одам, затоа што верувам дека секој млад Албанец, секој интелектуалец, заслужува друга политичка опција – една авангарда што сака поинаква иднина од онаа што досега сме ја гледале, што ја избира победата на надежта и ги поставува мудрите и чесните – а не вагабондите – на пиедесталот на општеството!
Стојам рамо до рамо со оние кои продолжуваат да се соочуваат со предизвиците – гледајќи им право в очи – затоа што сега повеќе од кога било ни е потребно обединување како народ, а не поделби кои им одговараат само на оние што се против прогресот!
Стојам со граѓаните, со идејата за вистинска промена, со борбата што веќе почна да дава резултати! Затоа што тоа е суштината поради која ВЛЕН се занимава со политика!