Папата Лав XIV утре ќе ја предводи инаугуративната миса во Ватикан
Утре, папата Лав XIV ќе ја започне својата служба како 267-ми поглавар на Римокатоличката црква, со инаугуративна миса која ќе се одржи во Ватикан.
Литургиската церемонија е закажана за 10 часот на плоштадот Свети Петар, пред познатата базилика Свети Петар, а се очекува присуство на бројни светски лидери и верски авторитети.