Шеесет и деветгодишник од Свети Николе е уапсен поради тоа што пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши од неговиот двор, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето со иницијали В.И. било лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата Питу Гули пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од цреша во неговиот двор.