ПРВ.мк
Македонија

Ако патувате денес, подгответе се: Огромни гужви на ГП Богородица - еве по колку часа се чека!

Ако патувате денес, подгответе се: Огромни гужви на ГП Богородица - еве по колку часа се чека!

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според информациите од АМСМ, зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Табановце за влез и Богородица за излез, каде времето на чекање се проценува на околу 30 минути до 1 час. Сепак, според сведоштва на граѓани на социјалните мрежи, реалната ситуација на терен е полоша, па така за минување на пасошките контроли кон Грција на премини како Богородица и Дојран утринава се потребни меѓу два и три часа. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Од АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони, како што се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.