ПРВ.мк
Македонија

Африкански жежок бран пристигнува во Македонија: Еве какви температури не очекуваат

Африкански жежок бран пристигнува во Македонија: Еве какви температури не очекуваат
Escape

Македонија повторно е на удар на топол бран од Африка – викендов нè очекуваат сончеви денови и температури кои ќе достигнат до 37 степени. Според најавите, сабота (12 јули) и недела (13 јули) ќе донесат стабилно и суво време, со слаб до умерен ветер од променлив правец и повремена облачност.

Иако жештината ќе се почувствува, метеоролозите велат дека овој африкански бран ќе биде со умерен интензитет. Температурите ќе се движат од 28 до 35 степени во сабота, а во недела ќе се зголемат од 30 до 37 степени.

Во Скопје, времето ќе биде исто така сончево и жешко – главниот град ќе забележи околу 35 степени денес и до 37 степени утре. Граѓаните се повикуваат на претпазливост, особено во најжешките делови од денот.

Mia Home Mavrovo