ПРВ.мк
Македонија

ОД 1 ЈУЛИ СЕ МЕНУВА СÈ: Дел од возачите нема да можат да влезат во ЕУ без овој уред!

ОД 1 ЈУЛИ СЕ МЕНУВА СÈ: Дел од возачите нема да можат да влезат во ЕУ без овој уред!

Од 1 јули во Европската Унија стапуваат во сила нови правила за меѓународен транспорт на стока, кои ќе донесат дополнителни обврски за дел од превозниците. Најголемата промена се однесува на сопствениците на комбиња и лесни товарни возила кои вршат превоз надвор од својата држава.

Според новите прописи, возилата со вкупна дозволена маса од 2,5 до 3,5 тони, вклучувајќи ја и приколката, ќе мора да бидат опремени со паметен тахограф од втора генерација. Уредот автоматски ќе ги бележи преминувањата на границите, местата на товарење и истоварување, како и активностите на возачот за време на патувањето.

Правилата се однесуваат на сите кои вршат меѓународен превоз на стока или каботажа во земјите од ЕУ. Со ова, европските институции ја прошируваат контролата и на помалите товарни возила, кои досега не беа опфатени со вакви обврски.

Од новите мерки се изземени возилата што се користат за транспорт на материјали до градилишта и работат во радиус до 100 километри од својата база. Исклучоци остануваат и за одредени некомерцијални активности и превоз на рачно изработени производи.

Новите правила ќе важат во Европската Унија, како и во Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Велика Британија. Целта е подобра контрола на транспортниот сектор, следење на движењето на возилата и поефикасно спроведување на правилата за работното време на професионалните возачи.