ПРВ.мк
Македонија

Пожар во Карпош: Целосно изгоре „пасат“, оштетени уште три возила

Пожар во Карпош: Целосно изгоре „пасат“, оштетени уште три возила

Патнички автомобил целосно изгоре во пожар што ноќеска избувна во скопската населба Тафталиџе. Според неофицијални информации, станува збор за возило кое го користел судијата Ѓоко Ристов, додека од Министерството за внатрешни работи засега го потврдуваат само идентитетот на сопственикот преку иницијали.

Од МВР информираат дека околу 02:50 часот било пријавено опожарување на патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р., на подрачјето на Општина Карпош.

Пожарот предизвикал штета и на три други паркирани автомобили – „Фолксваген Туран“, „Сангјонг“ и уште едно возило во непосредна близина, а бил оштетен и деловен објект.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје брзо интервенирале и го локализирале пожарот, спречувајќи негово понатамошно ширење.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а причините за избувнувањето на пожарот и околностите под кои настанал сè уште се утврдуваат.