ПРВ.мк
Македонија

„КАВАДАРЕЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2026“ ПРОДОЛЖУВА – Уште една вечер исполнета со позитивна енергија

„КАВАДАРЕЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2026“ ПРОДОЛЖУВА – Уште една вечер исполнета со позитивна енергија

Уште една вечер исполнета со забава, насмевки и позитивна енергија се одржа во рамките на „Кавадаречко културно лето 2026“.

На Градскиот плоштад во Кавадарци синоќа беше организиран 360° СПИН настан, кој на посетителите им овозможи своите летни моменти да ги овековечат од сите агли.

Настанот донесе одлична атмосфера и многу дружење, а бројните фотографии и видеа ќе останат како убав спомен од летните случувања во градот.

Посетителите кои учествуваа на настанот можат да ги пронајдат своите фотографии и видеа со скенирање на објавениот QR-код, преку кој материјалите се достапни за преземање.

„Кавадаречко културно лето 2026“ продолжува и во наредниот период со нови настани, дружења и содржини за граѓаните и посетителите на Кавадарци.