ПРВ.мк
Македонија

Важно известување за 26 јуни: ЕВН најави тричасовен прекин на струјата во оваа општина

Важно известување за 26 јуни: ЕВН најави тричасовен прекин на струјата во оваа општина

Поради планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре дел од жителите на општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија.

Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот е предвиден поради работи на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, во петок (26 јуни), во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улицата „Борис Трајковски“ бр. 10 во општина Кисела Вода.

Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и се заблагодаруваат за разбирањето.